„Сваровски“ судиите од организиран криминал одат во оддел за прекршоци


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според новиот годишен распоред, судиите кои јавноста ги запозна како „Сваровски“ судство од прислушуваните материјали, или судии од тефтерчето на поранешната министерка Гордана Јанкуловска, нема да судат предмети од СЈО, туку ќе бидат префрлени во Одделот за прекршоци. Следствено, некои веќе започнати предмети од СЈО, ќе добијат нов почеток.

Голем дел од досегашните судии од организиран криминал кои постапуваа по предметите на СЈО, се префрлени да судат прекршоци. Меѓу нив се Лидија Петровска („Тврдина 2“, „Триста“ и „ Транспортер“), Татјана Михајлова („Насилство во Центар“), Верка Петровска („Тарифа“), Моника Бахчоваковска, сопруга на функционер од претходната власт која одлучуваше за оценка на обвинителните акти на СЈО.

Распоредот во Одделот за организиран криминал е речиси целосно сменет. Останува судијата Горан Бошевски што го води предметот на СЈО „Тракеторија“, а организиран криминал ќе судат и судијата Владимир Туфегџиќ, експретседателката на судот Добрила Кацарска, судијката Софче Гаврилова Ефремова, која го суди Драган Павловиќ Латас, Огнен Саврев, Дарко Тодоровски кој беше иземен од одлучување за притворот на Груевски, Осам Шабани и Џанета Бектовиќ.