Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос во сабота после седум години врска ќе ја однесе пред олтар својата избраничка Пилар Рубио.
Нивната венчавка шпанските медиуми ја најавуваат како „венчавка на годината“. Венчавката ќе се одржи во Севиља, а потоа свадбата ќе се одржи на една фарма во близина на градот.
Интересно што меѓу 500-те гости нема да биде Кристиано Роналдо, бидејќи не се во добри односи откако Португалецот замина во Јувентус.
Sergio Ramos hits ex-Real Madrid team-mate Cristiano Ronaldo with wedding snub https://t.co/dzppFZvLch pic.twitter.com/qsN6lsDxtA
— Mirror Football (@MirrorFootball) June 13, 2019
На свадбата ќе има многу познати гости, а поканет е и Жерард Пике со сопругата Шакира, како и повеќето играчи од актуелниот тим на Реал.
На свадбата за нешто повеќе од милион евра ќе свири славниот бенд AC/DC, а ќе присуствуваат и Бекамови, Флорентино Перез, Зинедин Зидан, Роберто Карлос, Раул, Серхио Бускетс…
Рамос и Рубио се седум години во врска и имаат три сина, Серхио, Марко и Алехандро, кои ќе имаат важна улога на свадбата и ќе ги носат прстените.