Свадба ќе биде голема: Надал се жени со љубовта на својот живот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еден од најдобрите тенисери на денешницата, славниот шпански тенисерски ас Рафаел Надал, следниот месец во Мајорка ќе прави свадба со што и официјално ќе ја крунисаат со брак 14-годишната љубовна врска со неговата девојка уште од детството, Мари Перело. На свадбата се очекува да бидат поканети и присутни над 500 гости.

Рафаел Надал ќе се ожени следниот месец во Мајорка, јавува „Telecinco”. Тениската ѕвезда и неговата љубов од детството Мари Перело ќе го споделат овој драгоцен момент со повеќе од 500 гости објави шпанскиот ТВ канал „Telecinco”.

За мените, како што тврдат извори, ќе биде задолжен познатиот шпански готвач Кике Дакоста и во таа прилика 32-годишниот Рафа ќе ужива во посебен оброк, базиран на овошје, за разлика од останатите гости за кои се планирани традиционални шпански јадења, на база на месо и риба.

„Telecinco” не го открива точниот датум на венчавката, но според гласините двојниот победник на Вимболдон би можел да го пропушти овогодишниот турнир за да ужива во својот меден месец – иако Ролан Гарос, турнирот кој Рафа досега го освои дури 11 пати, ќе биде одржан од 26 мај до 9 јуни, додека за венчавката најверојатно ќе биде одреден термин од 10 јуни до почетокот на јули.

Рафа Надал и Мари Перело (Мариа Франциска Перело) во врска се веќе 14 години.