Home Шоубизнис Сузана Јовановиќ донесе одлука – сè во куќата на Бежаниска Коса ја потсетува на Саша

Сузана Јовановиќ донесе одлука – сè во куќата на Бежаниска Коса ја потсетува на Саша

Сузана Јовановиќ по смртта на Саша донесе одлука

Саша Поповиќ, основачот и креативен директор на Гранд продукција, почина на 70-годишна возраст во болница во Париз на 1 март. По неговата смрт, Сузана Јовановиќ донесе одлука да ги продаде автомобилите што тој ги возеше.

– Сузана сè уште не може да се соземе од тагата за Саша. Во куќата на Бежаниска коса сè ја потсетува на него и ѝ е многу тешко. Особено се скршува кога ќе ги види Салетовите автомобили, кои тој ги обожаваше и никогаш не жалеше пари за нив.

Затоа, пред неколку дена донесе конечна одлука дека, кога ќе заврши оставинската постапка, првото нешто што ќе направи е да ги продаде двата електрични автомобили од марката BMW, чија вкупна вредност била околу 200.000 долари. Тие возила не ѝ се потребни, а ќе го задржи само црниот џип „Мерцедес“ и малиот автомобил „Смартиќ“, кој најчесто го вози и ѝ е најпрактичен кога оди во град за секојдневните обврски.

Некои од автомобилите Саша веќе ги врати во авто-салонот пред крајот на својот живот, од каде што некогаш ги набавил и ги возел низ градот. Заинтересирани има одамна, за тие возила владее голем интерес. Да може, веднаш утре би ги продала, но мора да почека да заврши оставинската расправа – ни раскажа пријателка на Сузана, добро упатена во целата ситуација.

Инаку, Сузана е во контакт со многу од колегите на Саша, а Ана Севиќ откри дека стапиле во контакт.

– Се слушнав со Сузана, но тоа се веќе приватни работи. За Сале можеме да зборуваме, но ајде да ѝ дадеме време на Сузана да се обиде да научи да живее со тоа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …