
Ана Севиќ за Сузана Јовановиќ проговори по смртта на Саша
Повеќе од 20 дена по смртта на Саша Поповиќ, денеска водителите, продукцискиот тим и членовите на жирито се собраа во студиото за да продолжат со снимањето на новите епизоди од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Емоциите беа мешани за сите, а пред новинарите солза пушти и Ана Севиќ, која не крие колку тежок период поминале додека секој момент стравувале за здравствената состојба на Саша.
„Имавме навистина тежок почеток на оваа сезона поради неговото отсуство. Тогаш дознавме и за неговата критична состојба, но кога вие, новинарите, дојдовте овде, се преправавме дека ништо не се случува. Тоа беше толку тешко, сите се скршивме и уште тогаш знаевме дека ништо повеќе нема да биде исто. Секој милиметар од ова студио не потсетува на него и така ќе биде засекогаш. Навистина е тешко, но знаеме дека ова беше нешто што тој најмногу го сакаше и затоа ќе се обидеме да го одржиме нивото кое тој очекуваше“, изјави за медиумите, пренесува „Курир“.
Ана откри и каква е атмосферата зад сцената во Шимановци:
„Во моментот сите се во подготовка, допрва ќе се собереме. Јас се трудам да бидам насмеана, но сите се држиме цврсто за да го завршиме ова на најдобар можен начин. Очите ми се полни со солзи, многу е тешко. Тој го следеше секој момент од нашите снимања, дури и кога физички не беше тука.“
Ана Севиќ за Сузана Јовановиќ зборуваше со посебна емоција.
„Се слушнав со Сузана, но тоа се веќе приватни работи. За Сале можеме да зборуваме, но ајде да ѝ дозволиме на Сузана да се обиде да научи како да живее со ова.“