Сувенирни магнети со Хитлер се продаваат „како алва“ во центарот на Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во непосредна близина на меморијалниот Музеј на холокаустот, на самиот влез од старата скопска чаршија, на тезги со сувенири, можат да се најдат сувенирни магнети со ликовите на Мајка Тереза, Александар Македонски, Тито, Сталин и Адолф Хитлер. Токму овие последниве, запрепастувачки, се најпродавани, откриваат продавачите од тезгите кои не сакале да говорат за камерите на Телма.

Продавачите кои ги продаваат овие шокантни сувенири речиси не се ни свесни за последиците кои ги предизвикуваат. Рамката во која се сместени сите магнети загрижува и открива во која мера човештвото има куса меморија и недостиг на познавање на историските факти, реагираат минувачите.

Она што е чудно е дека ликот на Хитлер и Мајка Тереза се еден до друг. Мајка Тереза добитничка на Нобеловата награда за мир и до неа човекот кој уби милиони луѓе. Чудна комбинација е дека тие се еден до друг, вели еден странски турист.

Во Европа има тенденција на будење на неонацизмот посебно во време на мигрантската криза, но кај нас во даденава ситуација се работи за манипулација со незнаење, имитација на погубни движења во светот и пропусти во образовниот систем посебно кај младите генерации.

Во неколку наврати Меморијалниот музеј на Холокаустот реагирал до продавачите дека се глорифицира деструктивна идеологија во светски рамки, во која загинаа над 50 милиони луѓе, меѓу кои 6 милиони Евреи. Бидејќи обидите биле залудни и продажбата на магнети со ликот на Хитлер продолжува Еврејската заедница во Македонија минатата година поднесе иницијатива до Министерството за правда.