Сурфаше на бран висок 24 метри и влезе во Гинис (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бразилскиот сурфер Родриго Кокса влезе во Гинисовата книга на рекорди откако „јаваше“ на бран висок неверојатни 24,4 метри.

Официјалните лица од светот на сурфањето потврдија дека бразилскиот сурфер сурфал на бран висок 24,4 метри во местото Назаре, Португалија, во ноември минатата година, со што беше соборен светскиот рекорд во сурфање на највисок бран.

Интересен факт е дека пред четири години Кокса за малку ќе го загубеше животот сурфајќи на истото место.