Суперкомпјутерот од 15 милиони фунти способен да имитира човечки мозок е спремен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


12 години интензивен и посветен вложен труд и вртоглави 15 милиони фунти финансиски влог беа потребни за конечно завршување на изградбата на големиот компјутер дизајниран да го имитира човечкиот мозок. Конечно, машината е подготвен да биде вклучена, објави лондонски „Independent“

За разлика од традиционалните компјутери, новиот суперкомпјутер „SpiNNaker” (Spiking Neural Network Architecture) не комуницира со испраќање на големи количини на информации од точката А во точката Б , преку стандардна мрежа.

Наместо тоа, суперкомпјутерот ја имитира паралелната комуникациска структура на мозокот така што истовремено испраќа мали количини на информации на различни дестинации.

„Направивме во суштина машина која работи како мозок, а не како традиционален компјутер, што е многу возбудливо. Крајната цел на проектот отсекогаш беше комјутер кој ќе работи како човечкиот мозок, што сега го имаме и тоа е фантастично“, изјави Стив Фарбер професор по компјутерско инженерство на Универзитетот во Манчестер.

„SpiNNaker” е првиот чекор во создавање на модел на милијарди биолошки неурони во реално време, но тој ќе даде и увид во тоа како функционира човечкиот мозок, пренесува „Independent“.