Суперкомпјутер откри кој ќе биде шампион следната сезона во Англија!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Англичаните често го користат суперкомпјутерот за предводување на исходот на сезоната во Премиер лигата.

Веднаш само што беше извлечен распоредот за новата сезона во Премиер лигата, Суперкомпјутерот на една од букмејкерските куќи во Англија предвиде кој ќе биде нов шампион.

Имено, комплутерот тврди дека Манчестер Сити ќе го освои трофејот во новата сезона од Премиер лигата. Доколку се оствари прогнозата, „граѓаните“ по трет пат во низа ќе бидат на тронот на англискиот фудбал.

Второто место поворно ќе му припадна на Ливерпул, додека на третото место ќе заврши Челзи.

Манчестер Јунајтед и Арсенал повторно ќе останат надвор од Топ 4 и нема да изборат пласман во Лигата на шампионите.