Суперкомпјутер го предвиде исходот на новата сезона во Премиер лигата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многумина се скептични за степенот до кој се користи статистиката во фудбалот, пред сѐ, поради непредвидливоста на овој спорт.

најголемите мозоци во спортската аналитика како „Опта“, „Гугл“ и „Сквока“ се обиделе да ја „напишат првата светска скрипта базирана врз вештачка интелигенција“, па според неа суперкомпјутер го пресметува исходот на новата сезона во Премиер лигата.

Суперкомпјутерот предвидува дека Манчестер Сити и Ливерпул ќе се борат за титулата, а таа трета година по ред ќе заврши во рацете на „граѓаните“. Притоа, Сити ќе освои 94 бода и ќе загуби само два меча целата сезона.

Ливерпул целата сезона ќе ја помине меѓу првите три тима на табелата, со само неколку недели на врвот, трета сезона во низа ќе биде без пораз на домашен терен и ќе освои шест бода помалку од Сити.

Кога станува збор за борбата за Топ 4, компјутерот предвидува дека втора сезона во низа, Арсенал и Манчестер Јунајтед нема да се квалификуваат во Лигата на шампиони.

Тие ќе имаат по еден бод помалку од четвртопласираниот Челзи, кој на Божиќ ќе биде лидер, но потоа ќе има лоша серија резултати и ќе биде без победа на седум натпревари. Тотенхем од седмото коло, па до крајот на сезоната, ќе биде меѓу четирите најдобри тима, а на крајот ќе го престигне Челзи и ќе заврши на третото место.

Суперкомпјутерот предвиде дека Шефилд Јунајтед, Норвич и Њукасл ќе бидат тимовите кои ќе испаднат од лигата и ќе се преселат во Чемпионшип.