Суперавтомобил против електричен седан: McLaren 720S или Tesla P100D?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Моделот Р1000D на Tesla котира високо откако на брзинска трка ги победи „тешкашите“ од светот на спортскиот автомобилизам како Ferrari 488 GTB и Porsche 911 Turbo S, а сега американскиот електричен седан дојде ред да си ги одмери силите со McLaren 720S.

Tesla Model S чини најмалку 135.000 долари, додека цената на McLaren 720S изнесува 284.745 долари. Автомобилите трката ја почнаа од состојба на мирување, како и со „летечки старт“.

McLaren го движи 4,0-литарски biturbo V8 мотор, кој испорачува 710 коњски сили, а овој модел ќе добие и помоќна верзија наречена Long Tail.

Електричните мотори на Model S примероците развиваат 588 коњски сили, а моќта се пренесува на сите четири тркала. Овој автомобил, исто така, ќе добие засилување на перформанси, бидејќи компанијата Tesla континуирано ги подобрува своите производи со нов хардвер и оптимизиран софтвер.

Како заврши дуелот помеѓу овие два „ѕвера“ на четири тркала погледнете на видеото.