Супер совет: Еве како да ги вратите во „живот“ вашите омилени траперки!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако треперките се прилично издржливи, тие сепак имаат свој „рок на траење“, особено ако не ги одржувате правилно. Еве како да го спасите својот најдраг моден адут откако ќе се растегни.

Сигурно во ормарот имате омилено парче траперки во кој фантастично изгледате. Но работата се комплицира и станува нервозна кога ќе сфатите дека траперките одеднаш се растегнале или се собрале после перењето. Немојте да бидете разочарани. Ќе ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат да ги вратите во топ форма.

Ако траперките се преголеми..
Знаемо колку гаден може да биде моментот кога ќе сфатите дека траперките се развлекле. За да го решите тоа, траперките исперете ги во пералната на највисока температура, но само ако се 100% памук. И при тоа, избегнуајте да користите било каков омекнувач бидејќи нема да постигнете добар резултат. Откако ќе ги исперете ставете ги во сушара и исто така вклучете ја опцијата за сушење на највисока температура.

Ако траперките се собрани..
Кога ќе сфатите дека вашите омилени траперки се собрале, попрскајте ги со млака вода и малку развлечте ги со раце на сите страни, а на тој начин ќе се растегнат.