Вебкафе

„Супер-луѓе“ со изменета ДНК кои сами ќе се дизајнираат – последниот страв на Хокинг

Едно од последните предвидувања кои предизвикувале страв кај самиот предвидувач на истото, англискиот физичар Стивен Хокинг, кој почина пред седум месеци, е дека во иднина ќе се појават раса на „супер луѓе“ со изменета ДНК, кои сами ќе се дизајнираат и би можеле да станат реална опасност за човештвото.

За оваа загриженост, Стивен Хокинг напишал во својата последна книга, која ќе биде објавена на 16-ти октомври.

Во трудот „Кратки одговори на сериозни прашања“ Стивен Хокинг сугерира дека богатите луѓе наскоро ќе можат да ги менуваат своите макромолекули одговорни за реализација на генетската програма. Модифицирајќи ја својата ДНК и онаа на своите деца, тие би можеле да ги засилуваат меморијата и интелектот, да ја зголемуваат отпорноста на болести, да го продолжуваат својот живот.

Таквиот развој го зголемува ризикот за луѓе кои нема да го подобрат своето генетско ниво. Тие нема да бидат конкурентни и ќе умрат или ќе станат незначителни, пишува Стивен Хокинг.

Стивен Хокинг почина на 14 март во неговиот дом во Кембриџ.

Advertisements
To Top