Султанот познат по хедонизам и оргии воведува смртна казна за прељубници и хомосексуалци


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Откако султанот на Брунеи реши да го воведе овој драконски шеријатски средновековен закон, голем број ѕвезди како Џорџ Клуни и Елтон Џон повикаа на бојкот на неговите хотели.

Султанот Хасан Болкиах воведува шеријатски закон , иако и самиоот е познат по оргии и потрошени милиони за убавици од целиот свет и за скапи автомобили. Законот во оваа богата држава во југоисточна Азија ќе важи за сите , а не само за Муслиманите. Брунеи е чертврта држава по богатство на светот со големи резерви на нафта со бесплатно здравствено осигурување и образование. 72- годишниот султан речиси 50 години владее со Брунеи. Сега , по распуштениот живот, реши да воведе драконски закони со каменување до смрт , сечење на раце за кражба , додека лезбејскиот одниос би бил казнуван со 40 удари со камшик или 10 години во затвор.

По бурните реакции на воведувањето на овие закони во оваа туристичка земја , султанот прати писмо до ЕУ , каде повикуваат на толеранција на нивните закони , меѓу кои и на смертната казна со каменување.

Инаку султанот и неговиот брат Џеф биле симболи на хедонизмот во осумдесетите и деведесетите, кога имале и свој харем , а оделе од забава на забава и трошеле милиони . И сега султанот има над 500 скапоцени Ролс Ројс автомобили покрај другите луксузни автомобили.

Поранешната Мис на САД, Шенон Маркетиц во 1997 го тужела султанот зашто еден месец ја држел во неговиот харем , каде имало уште 40 жени. Палатата на султанот има 1.788 соби и 257 бањи.

Секојдневно таму имало меѓу 30 и 100 жени . Некои знаеле дека се изнајмени за секс , а таа дошла во палатата со вертување дека ќе работи како хостеса за 3 000 долари дневно. Судот ја одбил нејзината тужба , повикувајќи се на имунитетот на султанот , кој воедно е и претседател на државата.

Врв на расипништвото бил 50. роденден на султанот , кога се славело 2 недели и имало 3 000 гости. Дошол и британскиот принц Чарлс , а пеел Мајкл Џексон. Роденденското славје чинело 25 милиони долари , заедно со стадионот за 60 000 луѓе изграден специјално за настапот на Мајкл Џексон.