Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувачи креирале најсилна органска киселина во светот, која би можела да го револуционизира начинот на кој што анализираме протеини.
Досега, најсилна киселина е флуороантимоничната, позната како супер киселина, со киселост поголема од 100% од чистата сулфурна киселина. Колку за споредба, Хаметовата функција на киселост на сулфурната киселина е -12, на флуороантимоничната е -31.3, а најновата ги надминува и двете.
Истражувачите од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Австралија за да ја создадат користеле високо наелектризирани протеински јони за да додадат протони на елементите и молекулите кои не можат да формираат меѓусебни врски (како благородните т.е инертни гасови како хелиумот, аргонот, радонот и др.)
Тие ги зеле протеинските јони и ги изложиле на јонски извор со низок притисок, креирајќи такви јони способни да додаваат протони дури и на најсилните молекули, притоа креирајќи екстремно потентна киселина.
Какво влијание ќе има ова откритие во полето на хемијата?
Моментално, за анализирање на протеини, научниците користат техника наречена масовна спектрометрија – каде што атомите или молекулите се јонизираат и делат со помош на магнетно поле, во зависност од нивната маса и позитивна наелектризираност. Ова овозможува откривање на составот на разни комплексни примероци, како и истражување на масата на поедноставните примероци.
Меѓутоа, протеинските примероци кои се користат во масовната спектрометрија мора да бидат со тежина под 10 килодалтони, што е фрустрирачки во ситуациите кога треба да се мерат поголеми протеини.
Бидејќи новите протеински јони се толку успешни во додавање протони, истражувачите сметаат дека секвенците од поголемите протеини би можеле рапидно и комплетно да бидат карактеризирани користејќи ја новата киселина.