Суета „левел 500“: Славниот милионер си го истетовира својот лик на грбот (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џанлука Ваки е италијански милионер кој е познат по својот ексцентричен стил на живеење, особено затоа што е своевиден „зависник“ од тетоважи.

50-годишниот милионер на социјалните мрежи се испофали со својата нова тетоважа. Забеганиот Ваки си го истетовира сопствениот лик на својот грб и удри еден чалам и фалба со „уметничкото дело“ пред своите пријатели на Инстаграм.

Ваки инаку е наследник и сопственик на фармацевтска компанија, од каде потекнуваат сите негови средства со кои тој може да си овозможи удобен и луксузен живот. Минатата година, поради финансиските проблеми во кои западна, му беа запленети јахти и недвижен имот заради долг од 10,5 милиони евра.

Ваки се исчалами дека тоа бил „мал и небитен долг“.