Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова – бивша претседателка на Кривичниот суд во Скопје


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Судскиот совет на денешната седница ја разреши судија од Основниот кривичен суд Скопје и бивша претседателка на истиот, со образложение за „нестручно и несовесно вршење на судиската функција“. Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, денеска информираше за ова и кажа дека постапката за разрешувањето на судијата се водела околу една и пол година, но не сакаше да открие за кого станува збор заради правото на разрешената судијка да се жали на одлуката.

„Не можам да ви кажам за кого одлучувавме, меѓутоа факт е дека на денешнта седница имавме посебна точка за утврдување на одговорност на судија и нашата одлука е дека се разрешува од функцијата судија на конкретниот суд, поради повреда на одредбите од судскиот деловник по однос на примената на системот“, изјави Здравев по завршувањето на седницата.

Татјана Михајлова, е втор поранешен претседател на скопскиот кривичен суд кој е разрешен поради местење на судии на определени процеси и поради дубари со компјутерскиот систем за распределување предмети АКМИС. Михајлова беше претседателка на судот на почетокот на 2017-та и за тие три месеци направи неколку работи кои одекнаа во јавноста, го смени распоредот за да намести подобни судии на случаите на СЈО, а таа лично го водеше процесот Шамарите во Центар каде со неколку свои постапки на работ од процесните правила се стави во заштита на екс премиерот Никола Груевски. Разрешената ги казни со по 2 илјади евра обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи, но најсериозното обвинување дојде од нејзина колешка која сведочеше против неа како Михајлова го изигрувала АКМИС системот и местела судии.

Денеска по повеќе од 18 месеци работа, во спора постапка поради боледувањето на судијката, судскиот совет ја разреши, а прв со иста таква судбина поради АКМИСОТ беше нејзиниот претходник, Владимир Панчевски. Претседателот на советот не го спомна нејзиното име бидејќи Михајлова има право да се жали.