Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Судскиот совет зад затворени врати одлучуваше по барањето од повеќе кандидати за претседатели на Врховниот и Кривичниот суд за повторно оценување поради незадоволство од оценките на вонредното оценување кое Судскиот совет го спроведуваше во текот на декември, јави репортерот на телевизија 24 Вести.
Пред да започне расправата на точката број два, претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, соопшти дека кандидатката за претседателка на Врховниот суд и поранешна претседателка, Лидија Неделкова доставила писмено барање до Судскиот совет во кое што навела дека сака да присуствува на седницата и дека сака седницата да биде јавна.
Караџовски информираше дека начинот на оценување, како што е пропишано во Законот за Судски совет и според Деловникот на работа на Судскиот совет, се врши зад затворени врати.
Според него, затоа нема ниту законска, ниту деловничка можност седницата да биде отворена за јавноста. Тој не го стави ова барање на Неделкова како точка за гласање на дневен ред и ја исклучи јавноста.
Додаде дека поради заштита на интегритетот и угледот на судиите, процедурата се одвива зад затворени врати. Инаку разгледувањето и одлучувањето по барањата за повторно оценување е откако поголемиот број на кандидати за претседатели поднеле приговори на претходното оценување.
Караџовски не одговори конкретно кој побарал да биде повторно оценет, но рече дека тоа го сториле повеќе кандидати.
Кандидатот за претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, неодамна во изјава за 24 Вести рече дека ја добил највисоката оценка, четири, но не бил задоволен од бројот на бодови и поради тоа поднел приговор.
Додека траеше јавувањето во живо на репортерот на 24 Вести, новинарите влегоа во салата каде се одржува седницата за да ја проследат третата точка на дневен ред, одлука за објавување оглас за избор на претседател на Основниот суд Гевгелија, иако обезбедувањето се обиде да ги исфрли новинарите од зградата на Судкиот совет поради тоа што немало да има изјава.