Судска пресуда им наложи на родители да му исплатат на синот над 30.000 долари оти му ја фрлиле порнографската колекција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судот во Мичиген им наредил на родители да му исплатат на синот 30.441 долари, бидејќи ја фрлиле неговата колекција порнографски филмови, пишува Гардијан.

Одлуката на судијата на Окружниот суд, Пол Малони, е објавена осум месеци откако Дејвид Веркинг (43) победил во судскиот процес против неговите родители.

Веркинг изјавил дека неговите родители ја фрлиле неговата огромна колекција порно филмови, списанија и други предмети за кои тврди дека вредат 29.000 долари.

Судијата го зел предвид мислењето на експертите за вредноста на колекцијта. Покрај тоа, родителите на Веркинг мора да му платат 14.000 долари на адвокатот на нивниот син.

Веркинг живеел во куќата на неговите родители десет месеци по разводот, пред да се пресели во Мунси, Индијана. Откако се преселил, открил дека му недостасуваат кутии полни со филмови и списанија.

Неговиот татко потоа му напишал писмо во кое, меѓу другото, вели: „Искрено, Дејвид, ти направив голема услуга кога те ослободив од сите овие работи“.

Во пресудата донесена во декември минатата година, судијата Малони рече: „Нема сомнение дека уништениот имот бил сопственост на Дејвид. Обвинетите постојано повторуваа дека навистина го уништиле имотот. ‘

Семејството Веркинг вели дека како сопственици на куќата каде што престојувал Давид имале целосно право да постапуваат онака како што постапиле.

Малони одговори: „Обвинетите не можеа да наведат ниту еден закон или судска пракса за да го поткрепат тврдењето дека како сопственици имаат право да уништат имот што не им се допаѓа“.