Судот потврди: На Тони Цетински „му висат над глава“ 8 години затвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во јануари, оваа година, пулското обвинителство иницираше кривично обвинение против хрватскиот пејач Тони Цетински за сообраќајна несреќа со смртни последици. А сега и хрватскиот суд го потврди тоа обвинение, со што на Цетински му се заканува казна затвор во траење од 8 години.

Пејачот Тони Цетински е обвинет за сообраќајна несреќа со смртни последици во ноември 2017 година. Тој во стариот дел на градот Ровињ прегази човек , кој лежел во тесната уличка , при што загина 62 годишниот Ибрахим Кевљани.

На Цетински му се става на товар дека ги прекршил правилата за безбедност во сообраќајот и со преголема брзина возел низ Ровињ и предизвикал несреќа со смртни поседици.

Доколку со пресудата се докаже дека е виновен , според кривичниот закон на Хрватска , му се заканува затворска казна од 8 години.