Музика

Судот ќе одлучи: Ако се докаже плагијат, Израел ја губи победата на Евровизија

Победата на Израел на Евросонг 2018 е ставена под знак прашалник додека не се реши спорот и обвинението за плагијат за кој претставничката и композиторите на победничката песна беа обвинети од една најголемите светски музички компании која се закани дека ќе ги тужи композиторите на израелската песна поради повреда на авторски права.

Компанијата „Universal Music Studios“ испрати писмо пред тужба до Дорон Медалие и Став Бегер кои заедно ја компонирале победничката песна на Нета, за која тврдат дека е копија на хитот “Seven Nation Army” од групата White Stripes од 2003 година.

Ако ова тврдење се докаже на суд, Израел би можел да биде дисквалификуван од Евровизија, како и да го изгуби правото да биде домаќин следната година.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top