Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јавноста денес е исклучена од судењето за насилствата на 27 април, поради безбедноста на загрозениот сведок и опасност од негово откривање, кој денес дава исказ во Судот.
Судијката, Добрила Кацарска донесе одлука во судница да нема новинари, но затоа пак ги остави само набљудувачите од ОБСЕ и амбасадата на САД.
Заштитениот сведок во судот се очекува да каже што знае за настаните од Собрание, а неговото сведочење присутните ќе го следат преку заматен видео- бим и со мутиран глас.
Во судската постапка на 33 лица им се суди за терористичко загрозување на уставниот поредок и за помагање.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.