Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Судијката Весна Димишкова, чие име се слуша како се споменува во снимките направени во домот од Орце Камчев, во рамки на слчајот „Рекет“ е повикана да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, која го води случајот „Рекет“.
Засега нема информации во какво својство е повикана но, освен за неа во разговорите можеше да се слушне и за нејзиниот брат кој што работи како адвокат.
Инаку истрагата за случајот „Рекет“ е завршена и веќе е поднесено обвинение за тројца, додека во делот за Меѓународниот сојуз на Боки 13 се уште трае и нема инволвирано судии и адвокати.