„Судијката да почине“ повторно го одведе реизот Реџепи пред обвинител


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Скандалозните изјави и говорот на омраза кои ги пласира во јавност поглаварот на ИВЗ, реиз Сулејман Реџепи, повторно го одоведоа пред јавен обвинител откако беше повикан на сослучување во Основното јавно обвинителство, пренесува Мкд.мк.

Тој еднаш беше повикан на распит во Обвинителството откако Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи за ширење говор на омраза од страна на поглаварот. Овој предмет сега се надоградува и со нова изјава за говор на омраза.

„Обвинителството ги следи случувањата во врска со дадената изјава на лицето за кое покажувате интерес и во рамките на претходно отворениот предмет за говор на омраза ќе биде додаден и овој предмет. Лицето ќе биде повикано во Обвинителството во врска со вчерашната дадена изјава“, велат од Обвинителството.

Во своето синоќешно обраќање сѐ уште актуелниот поглавар на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар, смета дека е одлука против него, и се послужи со, во најмал случај, скандалозна изјава.

Слушнав дека имала проблеми со здравјето, сега моментално. Но, не ја жалам, таквите нека починат”, изјави Реџепи, поздравен со аплауз од оние што беа до него.