Судијата Здравев Киро избран за нов претседател на Судскиот совет


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Судијата од Врховниот суд, Здравев Киро, е избран за нов претседател на Републичкиот судски совет. За негов заменик беше избран Селим Адеми.

Ова беше одлучено на денешната седница на советот на која Здравев со тајно гласање беше избран со 12 гласа “за”, а ниту еден “против”, додека за Адеми гласаа 11 членови, а едно ливче беше неважечко. И двајцата беа единствени кандидати за позицијата за која се назначени. Нивната функција формално почнува од оваа сабота, додека на стариот претседател Зоран Караџовски мандатот му завршува утре. Караџовски и во двата круга гласаше прв, а последен претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски, кој иако е член, поретко се појавува на седниците на советот.

Новоизбраниот претседател во изјава за медиумите рече дека ќе се залага за враќање на довербата на граѓаните во судската власт. На прашање како ќе ги раскинат врските со политичарите, Здравев рече дека тоа е оставено на совеста на членовите на советот..Истакна дека постапките за утврдување на нестручно и несовесно врешење на судсиката функција сигурно ќе бидат завршени, но најверојатно со нив ќе се зафатат на есен.

“ Со оглед на тоа дека се покренати и постапки пред Судскиот совет јас реков дека се што е покренато како постапка пред судскиот совет за утврдување на одговорност на било кој, независно дали е судија, претседател на суд, уште повеќе член на Судски совет или претседател на Судски совет тие постапки мора да ги завршиме. “-Кирo Здравев – Нов претседател на Судски совет .

Здравев беше избран за член на Советот минатата година, додека неговиот заменик Адеми во 2013тата беше назначен за член по предлог на Собранието на Македонија.

Мандатот на претседателот на Судскиот совет , според новиот закон е 2 години. На седницата не беа присутни двајца членови на советот, министерката за правда Рената Дескоска и судијката Годана Спиреска, која е на годишен одмор.