Актуелно

Судијата во случајот „Талир“ им порача на ВМРО-ДПМНЕ: „Само виша сила ќе ве спаси“

И денес, по втор пат, беше одложено рочиштето за случајот „Талир“ кој е под надлежност на СЈО, во кој ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, се товари за незаконско финансирање, бидејќи никој од адвокатскиот тим на партијата кој е задолжен да ги брани на суд не се појави на рочиштето. Претставникот на партијата, Наум Стоилковски, пак рече дека не сака рочиштето да се оддржи без адвокат.

Не се појави ниту адвокатот на обвинетиот пратеник Илија Димовски, кој пак самиот лично не присуствуваше на првото рочиште кое беше одложено поради таа причина.

Судијата Осман Шабани се закани дека следниот пат нема да го толерира отсуството и следните рочишата ги одложи за 2 и 16 април.

„Ве предупредувам да си ги планирате обврските. Ги знаете термините. Нема да прифатам одлагање од било каква причина. Секое одложување ќе биде санкционирано, само виша сила ќе може да ги одложи“, изјави Шабани.

Во овој случај ообвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службенатта положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перње пари“. За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements
To Top