Судијата Шабани не го одложи рочиштето за „Титаник“ поради аферата „Рекет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“, кој е под ингеренција на СЈО, адвокатот Петар Василев бараше одложување на истото поради аферата „Рекет“ која го тресе и Специјалното јавно обвинителство, судијата Осман Шабани не го прифати барањето.

„Поради новонастанатата ситуација во СЈО и се што беше објавено во јавноста, се доволна причина да се одложи денешното рочиште. Немаме намера да ја одоговлекуваме постапката, туку да се даде простор се да се расчисти“, рече адвокатот Василевски.

Судијата Осман Шабани пак му рече дека нема причина судењето да запре.

„Има надлежен обвинител и тој ќе расчистува што треба да се расчисти. Ние не можеме да упаднеме во нивната надлежност“, рече судијата Шабани.

Рочиштето продолжи со изведување на доказите за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на обвинителката Лиле Стефанова.

За потребите на истрагата „Рекет“, обвинителката Стефанова утре ќе сведочи во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.