Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако минатата недела судија на претходна постапка му ја укина мерката притвор и му одреди мерки на претпазливост, Стевчо Јакимовски излезе од куќен притвор.
„Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот.
Судот му одреди мерка куќен притвор на Поранешниот градоначалник на Општина Карпош во март годинава. Тој заедно со уште четири лица е осомничен дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.