Судија, каде ти се очилата? Арбитарот кој не го призна голот на Меси со нова катастрофална грешка!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот судија Инглесиас Виљануева во неделата не го призна голот на Меси против Валенсија, а сега повторно го привлече вниманието со нова голема грешка.

Виљануева синоќа на мечот помеѓу Еспањол и Тенерифе досуди пенал за играње со рака буквално едно метро надвор од казнетиот простор.

Во 33-та минута по шутот на Алваро Васкез топката удри во раката на Хорхе Санс, а судијата покажа на белата точка иако очигледно Санс беше надвор од казнетиот простор. Жерард Морено пеналот го претвори во гол и помогна Каталонците да направат пресврт (3:2).