СУЏУК СО ЦИРКОНИ – или за тивкиот пекол во Арачиново


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актерката Ирена Ристиќ, која активно и интензивно се залага со активности за зачувување на почиста животна средина и права на животните, активизам во кој има голем број поддржувачи на дело, упати остра критика поткрепена со фактографски фотографии на нејзинито Фејсбук профил до градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими. Нејзината Фејсбук објава и критика, заедно со фотографиите, ви ја пренесуваме во целост подолу.

„СУЏУК СО ЦИРКОНИ
(на арачиновски начин)

Градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими или Живот за сите! Идеално!

Така стоеше на еден од билбордите за време на кампањата.

Еве ја. Вака на лице, многу убава жена, а опачината на тоа лице не само што не е убава, туку е морбидна…

Комплетна тишина….
Тие седат во тишина, во бездна од која ретко кое живо излегло… Тишината ја нарушува само крикот од болка и ветрот кој го расфрла ѓубрето околу нив… Кучињата од прегладнетост се јадат меѓу себе… Пекол, тивок пекол…

За градоначалничката дознавме, се сеќавате, кога нарача суџуци, Боже ме опрости, со службената картичка…

Стварно не знам што работи жената по цел ден…

Туку, да прејдам на главното!

Драга Милкије, не барам од тебе да ги сакаш кучињата, не барам да ги поделиш со нив суџуците, уште помалку миризливите свеќи, но барам да ја средиш депонијата и да направиш простор и овозможиш услови, активистите да ја завршат својата работа најдобро што знаат!!!

Гарант немаш појма, али две више ги извадивме и спасивме од пеколот кој ти е под прозор…

Значи, те предизвикувам! #challenge

*пиши ми, имам план…

Вита јела, зелен бор, брзо чекам одговор, дашури! <3

*останатите, ве молам, споделете! Не за да ја напаѓаме Милкије, не затоа што ги сакате кучињата, туку за да се придвижат работите. Во спротивно, ќе помислам дека сте океј со глетката. Благодарам“.