Судеше на три Ел Класика, а сега тврди: Немаше пенал за Реал!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Едуардо Итуралде, експертски судија кој сега работи како во шпанскиот весник „АС“, смета дека Реал Мадрид не го заслужи пеналот кој го однесе во полуфиналето од ЛШ.

Реал во Торино славеше со 3:0, а на „Сантиаго Бернабеу“ имаше негатива од 3:0 се до последната минута кога судијата Оливер досуди „контроверзен“ пенал, кој Роналдо го претвори во гол.

„Контактот од зад грб не беше доволен, судијата не требаше да свири пенал“, смета 51 годишниот Итуралде.

Баскиецот во кариерата три пати го судеше дербито меѓу Реал и Барселона, како и бројни натпревари во Лигата на шампионите, а се повлече во 2012 година.