Судењето за случајот „ТНТ“ вратено на почеток


Моабет со Борче Стаменов, креаторот на "Донирај компјутер" ↓↓↓


Поради неотповикливата оставка на еден член на судечкиот совет, судскиот процес за предметот „ТНТ” за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски се враќа од почеток.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на деешното рочиште, информираше дека Судот добил писмено барање од судијата – поротник Лилјана Ивановска Кочковска, со кое таа дава неотповиклива отставка.

Во писмото од Ивановска Кочковска, посочи судијата Ставрев, таа наведува кога дала заклетва и кога и прекинала функцијата, како и дека има здравствени проблеми.

„До одбраната. Ако е како што тврдевте, дека вашите барања изминатите два месеци биле за целисходноста на постапката имате шанса да ја потврдите намерата. Ако е интерес на правдата можете до утре на рочиште да ја потврдите намерата и да ја почнеме постапката одново но, да го поминеме само со читање на досегашните материјали без повторно сослушување сведоци“, рече судијата Ставрев.

Во судница денеска не беа присутни обвинетите Тони Трајковски и Елизабета Најдовска.

На прашање од судијата Огнен Ставрев до адвокатите Јовица Страшевски и Мерџан Даути каде се нивните клиенти, тие рекоа дека немале уредна покана за денешното рочиште.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.