Судењето за шамарите во центар не ни почна, Фетаи и Јанева казнети со по 1.000 евра


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судењето за нарачаните шлаканици за Жерновски не ни почна, а вд претсетдателката на Основниот суд Скопје 1, Татјана Михајлова и судечки судија ги казни двете обвинителки со по 2.000 евра за како што рече, непочитување на судот.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара од судијката да каже зошто не ги доставила снимките внатре од судењето, таа кажа дека не бил точен извештајот што судијката го имала испратено и ја обвини за инелектуален фалсификат. Снимката беше потребна како доказ за судот дека не судијката запишувала се, туку само она што и одговара.

Судијката Татјана Михајлова и го одзеде зборот на Фатиме Фетаи и кажа дека нема елементарно почитување кон судот и ја казни со илјада евра, а потоа ја казни и Катица Јанева со 1.000 евра.

Судијката ги упаги специјаните јавни обвинителки доколку сметаат дека работи пристрасно да побараат нејзино изземање по што Фетаи кажа дека таа како судијка нема елементарно познавање на правото. Катица Јанева и кажа дека заслужува да го носи името судија, а не в.д. претседател на Судот.

Судењето е одложено за 10 март.