Судењето на Савески и Куновски од Левица повторно одложено


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поради болест на еден од обвинетите денеска повторно беше одложено судењето за членовите на Левица. Здравко Савески и Владимир Куновски одговараат за учество во толпа што ќе стори кривично дело поради протестите пред народната канцеларија на претседателот, Ѓорге Иванов.

Судијката која го води процесот истакна дека прекршочните постапки кои се водат, исто така против учесници во протестите, не се однесуваат на случувањата пред народната канцеларија и изрази уверување дека повеќе не постојат пречки за почеток на процесот. Судењето беше одложено за 18 јануари.

Инаку, Савески и Куновски се обвинети дека на 13 април како дел од толпа учествувале во демолирањето на Народната канцеларија, кое се случи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување од кривично гонење на 56 лица.

Од страна на Јавното правобранителство штетата беше проценета на 522 илјади денари.