Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На прашање од судијката која го води судскиот процес за случајот „Рекет“ дали чувствува вина за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во оваа постапка, еден од тројцата обвинети во случајот, Зоран Милевски Кичеец пред судот категорично одговори: „Да, чувствувам вина“.
По ова беше прашан дали е свесен за последиците што ќе следуваат по ова признание на вина, како и дали некој му правел притисок.
Милевски одговори: „Свесен сум за последиците и признанието го давам свесно без присила од никого.“
Признанието на обвинетиот ги изненади сите во судницата.
Пред него обвинетиот Бојан Јовановски и обвинетата Катица Јанева рекоа дека не чувствуваат вина за постапката за случајот „Рекет“.