Судбината знае да е кучка: Заминал на прошетка и се врати по цели 54 години


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ванг Чи ја вршел должноста воен надзорник во 1963 година кога по грешка ја поминал границата со Индија, а од тогаш не му било дозволено да се врати во Кина. Сега, конечно после 54 години првпат се врати во Кина и се виде со роднините.

Би-Би-Си за случајот на Ванг пишуваше пред некое време, а после текстот со него во контакт стапија кинеските дипломати кои му рекле дека се обидуваат да му помогнат да добие документи.

Ванг набрзо после тоа, 54 години од кога ја помина границата со Индија, ги доби потребните документи и авионска карта за Пекинг, каде го дочекаа роднините. Кога пристигнал во родниот Сијанјанг, се собраа голем број луѓе кои носеа транспаренти: „Добродојде дома, војнику“.

На авионот за Кина му се придружиле децата, а неговата индиска сопруга не дојде поради болест.

Пред 54 години Ванг имал задача да гради патишта за кинеската војска, а бил заробен кога по грешка ја преминал индиската територија.

– Јас излегов од кампот малку да се прошетам, но се изгубив. Бев уморен и гладен. Кога го видов возилото на Црвен крст отидов да побарам помош. Тие ме предадоа на индиските војници, раскажа тој за Би-Би-Си.

Наредните седум години тој ги поминал во голем број затвори пред судот да го ослободи во 1969 година. Полицијата го однела во Тироди, зафрлено село во централната држава Мадја Прадеш. Од тогаш не му беше дозволено да ја напушти државата.

Наместо тоа, тој работел во фабрика, а подоцна се оженил со локална девојка и со неа подигна семејство. Соседите велат дека тие живееле во сиромаштија.