Судбината крои чудни патишта: Од голман без клуб до херој во Супер купот за само неколку недели


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Голманот на Ливерпул, Адриан вчера го освои својот прв трофеј во дресот на гигантот од „Енфилд“, пишува Спортски.мк.

„Црвените“ во Инстанбул го освоија трофејот во Супер купот на Европа откако после подоброто изведување на пенали го совладаа Челзи. Херој во победата беше голманот Адриан кој одбрани шутот на Абрахам во последната серија.

„Какво добредојде во Ливерпул. Ова беше луда недела. Навистина сум среќен поради тимот и навивачите, мило ми е што сум играч на Ливерпул. Ова беше мој втор натпревар, но се заврши на одличен начин за нас“, изјави искусниот шпански голман.

Многу внимание привлече пеналот кој беше досуден за „сините“ во продолженијата.

„Се обидов да го зпарам, го допрев, но тој сакаше да изнуди пенал. Сега не е ни важно. Остваривме одличен резултат и треба да уживаме“, порача херојот на Ливерпул.

Патот на Адриан во последните недели е навистина неверојатен. Во Ливерпул тој пристигна како голман без клуб и поради повредата на Алисон доби шанса да брани во Супер купот и веднаш стана херој за својот тим.

https://twitter.com/Abyo_King/status/1161766601923993601