Судбина како во приказна: Од продавачка на чевли, до партнерка на Кристиано Роналдо


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во интервјуто кое славниот фудбалски ас Кристиано Роналдо го даде за утринската програма на британската телевизија ИТВ , раскажа како се вљубил во Георгина Родригез, моментално една од најпознатите и најубавите жени на светот.

Скромната девојка со совршени телесни пропорции (85-62-90) , неделно заработувала по 250 фунти , кога се запознала со Роналдо во продавница за чевли на Гучи во Мадрид, каде работела како продавачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Набргу потоа се нашле на забава и тогаш почнале да разговараат. „Тоа беше љубов на прв поглед за двајцата.” , вели Роналдо.

Во Шпанија, таа живеела со сестра и студентка , немала доволно пари и живееле во скромен стан. Георгина имала голема желба да успее уште од своите тинејџерски години.

„Таа многу ми помогна. Секако, вљубен сум во неа“, изјави Кристиано во интервјуто со британскиот новинар Пирс Морган.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Фудбалерот на Јувентус призна дека неговата мајка сонувала како оди кон олтарот со Георгина.

„Еден ден ќе се венчаме, сигурно. Тоа е и сонот на мајка ми. Зошто да не? Тоа е одлично. Таа е моја пријателка, разговараме”, рече Роналдо.

Со 10 милиони следбеници на Инстаграм, Георгина е една од најначајните жени на социјалните мрежи, а неодамна стана заштитно лице на познатиот италијански бренд за долна облека и костими за капење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Денес нејзиниот живот изгледа како сон, но патот до успехот не беше воопшто лесен. Родена е на 27 јануари 1994 година во Буенос Аирес, рано се пресели во шпанскиот град Јака со семејството, каде нејзиниот татко бил фудбалски тренер на клубови од пониските лиги.

На четири години, Георгина ја открила својата прва голема љубов-танцот.

„Не бев многу убаво дете. Јас сигурно не бев најубава во класот. Едноставно, се чувствував нормално. Танцувањето ме научи на дисциплина и љубов кон уметноста“ – рече Георгина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Подоцна, на училиште, наеднаш и било кажано дека е убава, па самата почнала да верува во тоа.Набргу и била дадена можност да игра во Мадрид, но немала пари да го оствари својот сон.

Поради ова, одлучила да отпатува во Бристол, да го усоврши својот англиски и да добие работа како домашна помошничка.

„Бев и чистачка , ништо не ми беше проблем“, признава Георгина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio) on

Денес, таа и нејзиниот Роналдо се на врвот на светот, а парот има четири деца (најстариот син на Роналдо, Кристијано Јуниор, близнаци Ева и Матео, кој е роден од сурогат мајка и нивното биолошко дете, едно ипол годишната ќерка Алан Мартин).