Судански пирамиди – ретко кој ги видел, а поневеројатни се од оние во Египет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со повеќе од 250 гробници, суданските наоѓалишта се далеку побогати од најпознатите пирамиди, оние во Египет.

Тие се со убава структура и изобилуваат со убавина, а и нема да мора да се гужвате со илјадници туристи како во Египет. Тоа е така затоа што овие пирамиди се уште го немаат остварено својот туристички потенцијал.
Меро бил гравниот град на кралството Куш со кое владееле Нубијските кралови. Стари се 4.600 години, Меројските пирамиди градени се во таканаречениот нубијски стил кој се карактеризира со стрмни и мали бази.

Овие пирамиди не само што се импресивни, ги има дури и повеќе отколку во цел Египет заедно.
Како и египетските така и суданските пирамиди градени се како гробници. Тие биле недопрени се до 1880 година, кога поприлично ги оштетил италијанскиот истражувач Џузепе Ферилини, кој бил во потрага по скриено богатство. И покрај што поголем дел од пирамидите биле обновени, сепак има и такви кои останале оштетени.

Поради воената состојба не се препорачува патување во овој дел од светот, но ако веќе ви се попатно, тогаш размислете да за плаќање на војниците да ве чуваат додека ги разгледувате.