Актуелно

Субвенцијата за инвертери ќе биде до 100% или до 60.000 денари

Целосната сума или до 60.000 денари за инвертери ќе биде покриена од ЕСМ, информираше директорот на таа компанија Васко Ковачески. Вели дека се уште не е донесена конечната одлука, но ќе бидат одвоени од 3 до 4 милиони за оваа мерка, јавува ТВ Сител.

Во однос на интересот на Македонија да се вклучи во нуклеарната електрана Белене во Бугарија, министерот Бектеши вели дека деталите ќе се знаат кога ќе почнат преговорите со бугарските власти. Со оглед на тоа што државата сака да се вклучи до 10 отсто, тоа би значело дека ќе добиваме струја колку што произведува еден блок во РЕК Битола.

Извор: ТВ Сител

Advertisements
To Top