Advertisements
Актуелно

Субвенции до 3.000 евра за замена на старите возила со модели со ЕУРО 5 стандард

Во изјава за Алсат-М, првиот човек на Министерството за економија, Крешник Бектеши, ги најави владините субвенции со чија помош сите граѓани што имаат возила со стандард ЕУРО 2 и 3 ќе можат да ги заменат истите со возила со стандард ЕУРО 5 и нагоре.

За возило чија вредност нема да надминува 10 до 12 илјади евра, субвенцијата е до 3.000 евра. Но, новокупеното возило не мора да е воопшто невозено, туку треба само да го задоволува критериумот за еуро стандардот што значи, освен од автосалон, граѓаните може да го заменат старото возило и на автоплацевите каде што се продаваат увезени половни автомобили, под услов тоа да има најмалку ЕУРО 5 стандард. Субвенцијата е 20-30 отсто од вредноста на новото возило, изјави министерот за економија.

Субвенционирањето, според образложението на законот усвоен на последната седница на Собранието, има за цел да ја зголеми безбедноста во сообраќајот на патиштата, да ги намали трошоците за одржување на возилата, да го намали загадувањето на амбиенталниот воздух, како и да го зголеми увозот на нови во однос на половни возила.

Advertisements
To Top