Суарез го моли раководството да го купат неговиот пријател!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона е во потрага по десен бек во зимскиот преоден рок, а според пишувањето на медиумите Каталонците веќе пронашле решение, благодарение на Луис Суарез.

Станува збор за поранешниот играч на Ливерпул, а денес член на Стоук Сити, Глен Џонсон кој веќе неколку недели се поврзува со трансфер во Барселона.

Суарез и Џонсон се големи пријатели и ја делеја соблекувалната на Ливерпул во периодот од 2011 до 2014 година.

Медиумите тврдат дека Уругваецот е најголем заговорник за неговото доаѓање на „Камп Ноу“, а Барса сериозно ја разгледува идејата бидејќи Џонсон е евтино и добро решение.