Студот ја зеде и првата жртва кај нас: Почина бездомник во Скопје


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Студот што ја зафати земјава вчера ја зеде и првата жртва. Од полицијата потврдија дека денеска изутрина во скопската населба Аеродром е најдено тело на починат бездомник.

Се работи за 68-годишниот Ј.Т., а првичните претпоставки се дека починал од студот, но телото е дадено на обдукција зада се утврдат причините за смртта. Бездомникот бил најден на улица Бојмија, во близина на Транспортниот центар, а неговата смрт ја пријавил негов другар, исто така бездомник, кај чувар на објект во близина на Поликлиниката Јане Сандански.

Полицијата потврди дека денеска во 09.27 часот А.Ј. го пријавил случајот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Изминатите денови цела Македонија е зафатена од екстремно студено време, со температури кои се спуштија и до минус 28 степени. Најзагрозени се бездомниците, чиј број во Скопје е 146, а за 40 од нив сместување има во прифатниот центар во Момин Поток.