Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Брзото „лајкнување“ на нечиј пост или испраќање на фотографија на групен чет, можеби не звучи како голема работа, но малите деца ќе приговорат ако родителите постојано гледаат во смартфонот во нивно присуство.
Парадоксално, во американската студија утврдена е поврзаност помеѓу лошото расположение на детето и честото родителство проверување на сопствените телефони.
Во студијата се вклучени 172 семејства со деца помлади од 5 годии кои се анкетирани неколку пати, според гераманскиот магазин, „Психологија денес“.
Експертите се сомневаат дека извлекувањето на мобилниот и вртењето од плачливото дете му нуди уточиште на родителот. Меѓутоа, во исто време тие губат можност за важен контакт со детето.
Родителите кои често пуштаат да ги прекине нивниот смартфон, му создаваат чувство на детето дека уредот го контролира контактот и вниманието.
Поради тоа, вниманието на детето станува непредвидливо. Родителите можат да бидат физички присутни, но само повремено се присутни и емоционално.
Единствена работа која помага е да го оставите својот мобилен телефон додека сте со своето дете.