Студентка од Париз проживеа траума поради фарбање коса


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


19-годишната Естел од Париз доживеа тешка алергиска реакција од бојата за која која ја купила во супермаркет.

Естел ја исфарбала својата коса со купената фарба и потоа нејзината глава почнала неконтролирано да расте, пренесува Le Parisien.

Реакцијата се случила поради хемикалијата paraphenylenediamin која се наоѓа во голем број фарби за коса. Естел не го послушала советот кој го пишува на упатството за употреба на фарбата, според кое пред да ја користи таа фарба треба да алергиски тест за реакција од истата и да почека 48 часа.

Нејзиниот тест траел само 30 минути. Потоа се исфарбала. Меѓутоа, набрзо почувствувала како темето од главата ја чеша и пече, па испила антихистаминик. Но, утрото нејзината состојба драстично се влошила.

„Не можев да дишам, главата ми изгледаше како светилка. Речиси умрев, на никој не му посакувам да му се случи такво нешто“, изјави таа.

Обемот на нејзината глава неконтролирано пораснал за дури 63 сантиметри, а отекол и нејзиниот јазик. За среќа, Естел успеа да се опорави од оваа алергиска реакција.