Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Албанските студнети веќе осми ден по ред протестираат на улиците од главниот град на Албанија, Тирана.
За разлика од претходните денови, тие денеска во раце држеа празни бели листови, а не држеа ниту говори. За медиумите, демонстрантите изјавија дека ќе продолжат да чекаат владата да им ги исполни барањата. Некои од нив и понатаму остануваат на ставот дека нема потреба од преговори со премиерот Еди Рама, но други го сметаат спротивното.
„Немаме веќе што да зборуваме. Сега останува белиот лист. Кажавме сè. Сега очекуваме тие да зборуваат. Дали нè поканил премиерот на дијалог? Точките се јасни и нема што да преговараме.“
„Ние сме тука бидејќи сакаме да ни се исполнат условите. Ја бојкотиравме наставата бидејќи сакаме да ни се исполнат барањата. Дали сметаме дека ќе има решение без дијалог? Дијалогот не го исклучуваме како опција, а решение ќе најдеме.“
„Не разбираме за каков дијалог се работи г-не премиер или само сака да го нахрани своето лично его. Сметаме дека барањата се минимални, кажано е веќе неколку пати дека нема потреба од дијалог за овие барања“, реагираат студентите.
Според медиумите во земјата, премиерот Еди Рама ги разрешил членовите на владата во Советите на универзитетите, а тесна група блиска до него работи на воспоставување на мостови за комуникација со студентите. Истовремено составен е предлог за намалување на студентските тарифи. Освен во Тирана, протести има и во Скадар, Елбасан, Корча, Ѓирокастро и Саранда, а ним им се приклучија и многу професори, родители и ученици од средните училишта.