Студентите во Онтарио на факултет можат да учат како се одгледува марихуана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во новата зграда на универзитетот Niagara College во Канада, студентите учат како да одгледуваат марихуана, да го проверуваат квалитетот и да ги совладаат сите потребни работи за производство на канабис.

Студентите имаат можност да се запишат на насоката наречена Commercial Cannabis Production (ССР). Иако марихуаната нема да ја консумираат додека трае наставата, тие ќе учат како се одгледува канабис и ќе бидат обучувани да успеат во таа бизнис гранка.

Првата група студенти партиципираше во лансирањето на програмата во петтиот семестар од оваа учебна година во универзитетскиот кампус.

„Индустријата расте и доста е важно да се вработуваат специјализирано обучени лица кои добро го познаваат производството на марихуана“, вели Џеф Рајан, потпретседател на секторот за работа со акции во Canopy Growth Corp.

„Остварувањето на партнерството со универзитетот Niagara ќе овозможи едуцирање на идни генерации експерти и на тој начин ќе им пружиме добар почеток на доста конкурентниот пазар низ нови развојни можности за напредување во кариерата“.

На првиот опис, од 300 апликанти, беа прифатени само 24 апликации. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека од почетокот на програата ССР доби интернационално внимание во медиумите и пристигнаа апликации од сите делови на државата.

„Возбудливо е да се биде дел од оваа програма“, вели Џон Скилник, еден од првите студенти на програмата. Тој додава дека се радува на можноста да учи низ директно производство на канабис.