Студентите мислеа дека е „обична чистачка“, но професорот ги научи на животна лекција!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Професорот во најдобрата медицинска школа стигнал на предавање и им најавил дека ќе им даде тест на изненадување.
Сите негодувале, но најдобриот студент не се грижел бидејќи се чувствувал сигурен во себе и во своето знаење.

Го погледнал цел тест и го решил без проблем, но тогаш стигнал до едно прашање кое гласело „Како се вика чистачката во нашата зграда?“

Студентот се насмеал, ова мора да е некоја шала, помислил тој. Ова прашање не може да носи некои бодови, зар не? Професорот сигурно прави шала. Ја познавал жената која чистела, но немал поим кое е нејзиното име. Го оставил ова прашање празно.

Другите студенти го прашале професорот: „Последното прашање не носи никакви бодови, така?“ Професорот мирно одговорил: „Секако дека носи. Видете, во вашата кариера ќе сретнете разични луѓе. И секогаш секоја личност е важна. Сите заслужуваат признание, па дури насмевка кога ќе се разминуваме“.

Сите студнти ја запаметиле оваа животна лекција, а точниот одговор беше Мариана.

Ова е прекрасен потсетник за тоа дека е потребно признание за работата. Не е секоја професија гламурозна, но многу луѓе напорно работата, а нашите животи би биле многу комплицирани доколку немаме луѓе со такви професии.