Актуелно

Студено време, во наредните денови посилни врмежи од снег

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Дневната температура нема да се разликува од утринската и ќе биде во интервал од -2 до 3 степени, а на планините и значително пониска, особено во северните делови. Врнежи од снег ќе има и во Скопската Котлина, почнувајќи од претпладневните часови, а пообилни ќе бидат во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде околу нулата.

Најмногу снег има во Маврови Анови – 46 сантиметри, во Крушево и Лазарополе – висината на снежната покривка достигнува до 23 сантиметри, а во Пожаране – 14.

Минимални температури од – 7 степени има во Маврово, Ѓуриште, -5 Пожаране, -4 Крушево, -3 Лазарополе, -2 Дебар, Тополчани, Тетово, Виница, Берово, Прилеп, -1 Кр. Паланка, Штип, Скопје Зајчев Рид, 0 Скопје Петровец, 1 Битола, Д. Капија, Струмица, Охрид, 2 Дојран, Претор, 3 Гевгелија.

И во наредните денови подрачјето на нашата земја ќе се задржи под влијание на многу студена и влажна воздушна маса. Пообилни врнежи ќе има и утре претпладне кога насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 сантиметри). Во вторник послаби врнежи од снег ќе има во западните и јужните делови од земјава.

До четврток температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината. Вредностите на дневната температура речиси насекаде ќе се задржат под нулата. Утринските температури од вторник до четврток ќе се спуштаат и под -10 степени.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top