Студено утро во Македонија – на Попова Шапка наврна 85 сантиметри снег


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Македонија утрово ја пречека студено, сиво и сиво време. Најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри.

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране се наврнати 17 сантиметри снег, а во Претор четири сантиметри.

Најстудено утринава е во Попова Шапка каде се измерени -6 степени, по што следуваат Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе и Маврово со -2 , -1 степен е измерен во Крушево, нула во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп и Берово, 1 во Битола, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија и Куманово, 3 во Дебар, 4 во Виница, Штип и Демир Капија.

За денес се најавува облачно време со пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог. На планините и на повисоките места ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно преку целиот ден со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.